Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Истрага за откриена марихуана на граничниот премин „Богородица“

Основното јавно обвинителство Гевгелија, постапувајќи по пријава од Царинската управа, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на селото Негорци за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 17 февруари, осомничениот неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – марихуана од Негорци во Република Грција. Дрогата била спакувана во пет пакувања со вкупна тежина од 5.066,9 грама, скриени во багажниот простор во резервна гума од автомобил „Ауди“ со гевгелиски ознаки. Царинските службеници ја пронашле марихуаната при контрола на граничниот премин „Богородица“.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците или дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и со решение му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ КОН СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ВО ДЕБАР – Кривична пријава против 52-годишник кој пресретнал службено возило

ДЕСК

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 21-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ – Се сомничи дека овозможил користење марихуана во Охрид

ДЕСК

ВЛЕГЛЕ ВО НЕЈЗИНИОТ ДОМ, 84-ГОДИШНА СКОПЈАНКА ОГРАБЕНА – Две лица со сила ѝ одзеле пари и накит

ДЕСК