Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатен крадец на велосипеди

Полицијата приведе 19-годишен крадец на велосипеди од Скопје.

Тој се сомничи дека во периодот помеѓу 15 и 18 февруари, на улицата Рузвелтова украл велосипед, сопственост на Ж.Т.М. од Скопје и оти ноќта помеѓу 10 и 11 јули лани извршил уште една кражба на велосипед на улицата Методија Андонов Ченто, сопственост на В.Т. од Скопје.

„Велосипедите ги продал на А.Н.(44) од Скопје“, велат од МВР.

Во разговор во полициската станица крадецот ги признал делата, а повикан бил и купецот на украдените велосипеди.

Од полицијата информираа дека велосипедите се вратени кај сопствениците.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИТИЧКИ РЕАКЦИИ ПО ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА – Стојаноска ја обвини Вреди дека му помогнала на ДУИ

ДЕСК

ТРИЕСЕТ ДЕНА ПРИТВОР ЗА 20-ГОДИШНИК – Осомничен дека нападнал дете пред „Јане Сандански“

ДЕСК

АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Разликата е околу 200 гласа, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

ДЕСК