Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Гостивар ќе ги награди пожарникарите кои им помогнаа на погодените од земјотресот во Турција

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска во својот кабинет ја пречека екипата за пребарување и спасување на ТППЕ – Гостивар која успешно ја изврши својата мисија доаѓајќи на помош на погодените од земјотресот во Источна Турција.

На средбата се зборуваше за нивниот напредок и тешкотии во текот на мисијата, додека градоначалникот Арбен Таравари во име на граѓаните на Гостивар им се заблагодари за нивната подготвеност секогаш да бидат на ниво на задачата.

Исто така, на следната седница на Советот на општина Гостивар, градоначалникот Арбен Таравари нагласи дека ќе биде предложено овие херои да бидат финансиски наградени за нивниот труд и пожртвуваност.

Можеби ќе ве интересира

На крајот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта 177 353 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 192 ученици ја завршиле годината

ДЕСК

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК

51 тоалет ќе се реконструира во ОУ „Коле Канински“, современи стандарди за хигиената во училиштето

ДЕСК