14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Спасов: Битиќи го симболизира граѓанскиот карактер на СДСМ, грешка ќе беше ако партијата се откажеше од него во Владата

Најголема грешка ќе беше ако во реконструкцијата на Владата СДСМ се откажеше од вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, смета универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов.

Спасов во објава на социјалните мрежи вели дека Битиќи е еден од ретките членови на владата кој се уште го симболизира граѓанскиот карактер на СДСМ, но и лице кое дава докази за компетентноста на СДСМ во справувањето со економските потешкотии.

„Се зборуваше дека ако Алтернатива остане во власта, СДСМ ќе се откаже од министерот Фатмир Битиќи. А тоа ќе беше и би била најголемата грешка.

Тој министер е во овој момент еден од ретките што се уште го симболизира граѓанскиот карактер на СДСМ,и е надеж дека за СДСМ ќе гласаат и Албанци. Но Битиќи со своето знаење и елоквентност е и лице од владата кое дава докази за компетентноста на СДСМ во справувањето со економските потешкотии.

Оттука. Просто на просто имавме среќа што вака испадна. Отворените врати за некого во владата се секогаш затворени за некој друг. И користа и штетата треба на време да се проценуваат“ порачува Спасов.

извор 24инфо.мк