Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маж и’ договарал клиенти и локации на 20-годишна битолчанка за проституција, полицијата го приведе

Приведен е 37-годишен битолчанец со иницијали Д.О. поради посредување во вршење проституција.

Според информациите од полицијата, мажот во период од две години се’ до минатата недела, на 20-годишна девојка од Битола и’ договарал клиенти и локации во градот за одреден паричен надомест.

Повремено, како што велат од МВР, и тој присуствувал на местото каде девојката имала сексуални односи за пари.

По преземени мерки и активности, тој бил приведен и му е поднесена пријавата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК