Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски-Георгиева: ММФ ги поздрави економските политики на Владата

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Кристалина Георгиева, првиот човек на ММФ, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено – Басо.

Премиерот Ковачевски се заблагодари што ММФ во нашата земја препозна здрав економски фундамент и ја поздрави стабилноста на нашите економски политики.

Директорката на ММФ, Георгиева искажа задоволство од спроведувањето на економските политики на Владата, како и од користење на Линијата за претпазливост и ликвидност (Precautionary and Liquidity Line – PLL) која е наменета исклучиво за земји што имаат здрава економија и здрави економски политики. Поточно, само земји со позитивни оцени од последната мисија на ММФ може да се квалификуваат за користење на овој инструмент.

На средбата премиерот Ковачевски истакна дека фокусот на фискалната политика е во насока на поддршка на стандардот на граѓаните и на стопанството, согласно предизвиците што ги наметна ценовната и енергетската криза.

На среден рок, определбата на Владата е насочена кон постигнување одржлив економски развој, фискална консолидација и спроведување на структурните реформи.

Можеби ќе ве интересира

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК

ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка во Битола

ДЕСК