14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Големо апсење во Скопје – “Падна” осуденик осуден на 20 години затвор

Како што соопшти полицијат вчера во 14.30 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(36) од Штип.

Тој бил осуден на 20 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде имал за доиздржување 7 години и четири месеци од казната. Исто така, тој бил баран и поради сомнение за извршена тешка кражба во куќа на бул.„Партизански одреди“ во Скопје. Притоа, кај него биле пронајдени предмети за кои постои и сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Спонзорирано: