Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Калеска-Ванчева: Вас ве боли неуспешниот обид на фикусот од претседател да направи аболиција за криминалците од ВМРО-ДПМНЕ

Продолжија дебатите на маратонската собраниска седница за разрешување министри и за избори на нови министри во владиниот кабинет.

Коментирајќи ја денешната одлука, која беше соопштена од Судот во Стразбур, пратеничката Снежана Калеска-Ванчева рече дека со одлуката на Судот во Стразбур денеска победија правото и правдата.

„Вас очигледно ве боли тоа што беше неуспешен обидот на фикусот од претседател да направи аболиција за криминалците од ВМРО-ДПМНЕ и криминалот од невидени размери“, рече Калеска-Ванчева.

Таа потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата што великанот Блаже Конески го нарекуваше џуџето од Небрегово и дека оваа партија постојано внесува раздор во општеството и го има заборавено АСНОМ, а корените ги бараше во антиката.

„Вие треба да се засрамите, вие говоревте за раздор и повторно зборувате за раздор и ја загрозувате унитарноста на државата со говор на омраза. Ние сме за национално единство, ние сакаме нашата држава да биде дел од големото европско семејство и тоа ќе го направиме“, рече Калеска-Ванчева.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК