Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Митева: Ниска доверба во институциите, речиси 70 отсто од испитаниците не ѝ веруваат на оваа Влада

„Ниската доверба во институциите е аларм за власта. Поразителни бројки, најниска доверба досега покажува последното истражување на јавното мислење во анкетата на Евротинк. Граѓаните покажале дека најмалку веруваат во судството и во институциите коишто се на првата линија за справување со корупцијата и криминалот. Во Обвинителството само 7%, а во Судството 6%. И ваквите бројки не се само перцепција, зад овие резултати се кријат конкретни индикатори и состојби за кои директно е виновна власта на СДС и ДУИ“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа потсети на „скандалозниот избор за првиот човек на јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, предлагање на политички кадри за членови на уставниот суд, именување на несоодветни кадри и партиски членови за претседатели на судски совет, изјави за постоење на политички притисоци врз членови на судски совет, безброј нерешени судски случаи, уште илјада други конструирани и политички мотивирани процеси и најстрашно, криминал и корупција во првите редови на оние кои треба да обезбедат владеење на правото“.

„Ова се конкретни примери кои се резултат на политичките интереси на власта комплетно да го партизира судството и обвинителството. На прашањето „Што мислите како институциите ја водат борбата со корупцијата?“ – 71% сметаат дека институциите потполно лошо ја водат борбата. Фрапира фактот што испитаниците имаат негативно мислење и за Државната комисија за спречување и борба против корупцијата каде 70% велат дека воопшто немаат доверба во оваа институција. Со само 1% пониска недоверба од ДКСК е Владата, со 69% од испитаниците кои велат дека воопшто не и веруваат на оваа Влада“ рече Митева.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК