Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со украдено возило повредиле тројца полицајци и удриле во две полициски возила

Четири лица, меѓу нив тројца малолетници се лишени од слобода откако со украдено возило не испочитувале наредба за запирање и удриле во две полициски возила а повредиле тројца полицајци, соопштија надлежните.

Вчера околу 16.20 часот полициски службеници на СВР Тетово во близина на угостителски објект во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода Ј.Ј.(19) од Тетово и тројца малолетници од Тетово и селата Ларце и Непроштено.

Лишените лица десетина минути пред тоа биле забележани на локалниот пат Палчиште-Камењане како се движат со противправно одземеното возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на државна институција, а пријавено вчера.

Тие не испочитувале наредби за запирање дадени од полициски службеници и притоа оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полициски службеници на СВР Тетово.

Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што, како што информираат од полицијата, ќе следуваат соодветни поднесоци, а полициските службеници се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +