Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Имавме позитивна атмосфера, велат од МНР по средбата на Османи со претставници на бугарската заедница

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Горгиевски, претставници на организации на бугарската заедница во Северна Македонија.

На средбата, која помина во позитивна атмосфера, беа размените мислења за прашања што ја засегаат бугарската заедница во Северна Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата.

На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата што ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК