13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски во Тиквешијата по повод празникот Свети Трифун: Нека биде плодна и бериќетна новата реколта на македонската винова лоза

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на покана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во Тиквешкиот регион присуствуваше на традиционално закројување на лозја во атарот на селото Ресава, Општина Кавадарци, а по повод празникот Свети Трифун, заштитникот на лозарите. Настанот беше реализиран во соорганизација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и здружението Тиквешки семејни винарии, а присутните имаа можност да ги посетат штандовите за дегустација на вино произведено од Тиквешките семејни винарии и храна, произведена и подготвена од малите производители на храна-членови на здруженијата Слоуфуд Македонија и Алијанса Премиум.

Во рамки на традиционалното одбележување на манифестацијата „Недела на традицијата Св. Трифун 2023”, на покана на градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров, на градскиот плоштад во Демир Капија, министерот Спасовски беше гостин и го посети базарот на вино, ракотворби и производи од традиционални занаети, на кој беа доделени награди и признанија од натпреварите за закројување винова лоза, за најдобра ракија и најдобро вино.

„На денешниот голем христијански празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите, започнува кроењето на виновата лоза, традиција која симболично го означува почетокот од новата реколта на производство на грозје.Посакувам квалитетен и богат род за лозаропроизводителите и квалитетно вино за македонските винарии. Како Влада продолжуваме со партнерскиот однос со лозарите за поголема конкурентност на македонските вина на светските пазари”, изјави Спасовски.

Спонзорирано: