14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЗЕЛС: Речиси половина од општините обезбедија 14 милиони денари парична донација за настраданите во Турција и Сирија

По повикот за обезбедување на парична помош за настраданите од подрачјата зафатени од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, што неодамна го упати претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, веќе се огласија околу половина од општините од нашата земја, информираат од оваа инстиутуција.

„Паричната сума што тие досега ја обезбедија за оваа намена измесува околу 14 милиони денари. Ова парична донација не е конечната сума што ќе биде уплатена од страна на единиците на локалната самоуправа, на отворената сметка на Црвениот крст. И во останатите општини веќе се покренати процедурите за спроведување на законската форма за одобрување на утврдените донации, што треба да ги изгласаат општинските совети. Поддршката што ја даваат општините претставува само уште една потврда за хуманоста и солидарноста за настраданите од оваа природна непогода“, се додава во официјалната информација.

Освен парична помош, појаснуваат од таму, дел од општините обезбедуваат и материјална помош, во согласност со барањата што ги упатува населението од погодените подрачја. Исто така, и многу граѓани се обраќаат во општините, заинтересирани самостојно да донираат и на тој начин да ја покажат солидарност и поддршка за настраданите Од таа причина уште еднаш ја објавуваме сметката на која може да се уплатат финансиски средства: ЛИНК: https://ckrm.org.mk/pomosh-na-nastradanoto-naselenie-pogodeno-od-katastrofalniot-zemjotres-vo-turtsija-i-sirija/

Спонзорирано: