Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Велешанец обвинет за повеќе тешки кражби

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обевинителен предлог против едно лице за повеќе продолжени кривични дела – Тешка кражба од член 236 од Кривичниот законик, реализирани во периодот од 11.10-16.10.2022 година.

Во тој период, искористувајќи слични околности и невнимание на ошетените лица, на дрзок начин, обвинетиот одзел подвижни предмети од вкупно 17 оштетени. Од продавници, обложувалници, аптеки, угостителски и други објекти тој крадел вредни предмети, пари и производи, со што за себе прибавил противправна имотна корист проценета на вкупен износ од 45.337 денари.

Надлежното обвинителство до Основниот суд во Велес достави и посебен предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице, со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка.​

Можеби ќе ве интересира

Снег врне на овие места – Каква е ссотојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК