Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Mинистерот Спасовски: ФРОНТЕКС за нас значи потврда за рамноправноста на македонскиот јазик со другите јазици на ЕУ

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска преку својата официјална страница на Фејсбук, изрази благодарност за поддршката на ратификацијата на договорот ФРОНТЕКС.

„Денеска во македонското Собрание беше изгласан предложениот Закон за ратификација на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија. Благодарност до пратениците коишто го поддржаа ратификувањето на првиот договор на македонски јазик (ФРОНТЕКС) помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија“, напиша Спасовски.

Тој потенцираше дека ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не беше присутен на собраниската седница.

„ФРОНТЕКС за нас значи потврда за рамноправноста на македонскиот јазик со другите јазици на ЕУ. Затоа, нека им служи на чест на оние кои одбија да го поддржат успехот на државата за кој изминативе години макотрпно работевме“, порача Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК