9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казнети 141 возач во Скопје: 51 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Спонзорирано: