12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Баварија отвора специјална канцеларија за привлекување на квалификувани работници од Балканот

Германија се повеќе има проблем со недостигот на работна сила, па Баварија отвори еден вид конкуренција меѓу сојузните покраини со својата одлука да отвори специјална канцеларија за доселување на работна сила од Балканот, пренесуваат медиумите во регионот.

Со свои вработени и новоформирана канцеларија, Баварија сака да го олесни доаѓањето на потенцијалните работници од Балканот.

„Наскоро ќе отвориме сопствена канцеларија во Албанија преку Здружението на баварската економија. Сакаме да бидеме присутни за инвеститорите и во исто време да донесеме медицински персонал и експерти во Баварија – многу побрзо отколку што амбасадата, за жал, може да направи во моментов, изјави баварскиот премиер Маркус Содер (ЦСУ) за германската агенција за печат.

„Итно бараме експерти и ќе контактираме со амбасадите кога ќе почне работата“, објасни Седер, кој изјави дека ќе се забрза процедурата за влез на работници од Балканот во Германија и Баварија.

Поради тоа баварскиот премиер денеска ќе ја посети Романија, а потоа и главниот град на Албанија, Тирана. Во Букурешт Седер ќе се сретне со премиерот Николае Чиук и претседателот Клаус Јоханис, а во Тирана со премиерот Еди Рама. Покрај тоа, Баварија се залага Романија да влезе во Шенген зоната без гранични контроли и Албанија да стане членка на Европската унија.

Според Содер, новите врски со Балканот се вклопуваат во баварската соседска и партнерска стратегија. Баварија веќе има блиски врски со Австрија, Чешка, Хрватска, Бугарија и Грција.

„Баварија сака да најде нови партнери бидејќи федералната влада за жал ја запоставува Југоисточна Европа“, рече Седер.

Заднината на патувањето на Содер на Балканот е недостатокот на добро обучени работници во Баварија – особено кога станува збор за медицински сестри. „Посебно бараме итно потребни експерти“, рече Содер, кој го критикуваше премногу бавното издавање на работни визи.

Германската Федерална агенција за вработување предвидува дека се потребни најмалку 400.000 имигранти годишно за да се одржи постојан потенцијалот на работната сила на Германија.

Спонзорирано: