Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Болен од цистична фиброза почина, Ковачевски треба да одговорa и да не манипулира со Сали

Цената на владеењето на власта предводена од Димитар Ковачевски стана премногу висока и истата се плаќа со човечки животи. Ковачевски и министерот за здравство, Беким Сали не смееја да дозволат луѓе да умираат затоа што нема лек, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат Ковачевски да престане да се крие зад министерот Сали на кому очигледно му се изброени деновите на функцијата и прашуваат каде беше Ковачевски кога болните од цистична фиброза протестираа пред Владата.

Ковачевски нека престане да глуми и да си замине веднаш заедно со неговата неспособна екипа. Оваа неспособна Влада треба да си замине час поскоро за да се спасат граѓаните, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +