Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МОН: Статусот на просветните работници континуирано се унапредува, од нивната мотивираност зависи квалитетот на наставата

Министерството за образование и наука во целост ги почитува и исполнува одредбите од колективните договори во основното и средното образование кои се склучени со СОНК како важен партнер во унапредување на квалитетот на воспитно – образовниот процес во државата.

Во таа насока, информираме дека по растот на платите на наставните во септември минатата година, со почетокот на оваа година следува ново зголемување. Континуираниот раст на личните примања покажува дека работиме во најдобар интерес на наставниците, а еден од главните приорите за нас е унапредувањето на нивната положба во општеството.

Просветните работници се најважната алка во воспитно–образовниот процес, а нивната мотивираност за работа се одразува на квалитетот на наставата. Затоа, продолжуваме да работиме на зголемување на нивните права и подобрување на условите за работа.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +