13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Каевски: Владиното мнозинство ќе се зголемува и во иднина

Ретерирањето во изјавите на ВМРО-ДПМНЕ постојано се случува од моментот кога јавноста ќе дознае дека она што партијата го ветува е лага, оцени пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во гостувањето во ТВ24. Тој повтори дека Христијан Мицкоски во декември најавувал ново мнозинство, како и распуштање на Собранието во февруари, но тоа не се случило.

– Сега повторно има ретерирање, некакви изјави за купување време. Секогаш кога Мицкоски најавуваше дека ќе има ново мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, секогаш имаме зголемување на актуелното парламентарно мнозинство. Веќе никој не ги сфаќа сериозно овие изјави, кажа Каевски.

Тој додаде дека неговите колеги пратеници ќе дадат поддршка на новата Влада, односно зголемувањето на новото парламентарно мнозинство.

-Ќе се зголемува мнозинството и во иднина. Многу пратеници од опозицијата имаат притисок од членството и сопартијците инаку би ги поддржале уставните измени. Час поскоро ќе се разбуди совеста во опозицијата, бидејќи друга алтернатива немаме, додаде Каевски.

Спонзорирано: