Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Институциите во Бугарија сè уште молчат за нападот врз македонскиот клуб во Благоевград

Се уште никој не ги посочил причините поради кои е извршен непријателски чин врз нас, се обратија на позиција од „Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“

„Се чувствуваме навредени и збунети од демолирањето бидејќи во овој момент никој сè уште не ги навел причините поради кои е извршен чин на непријателство врз нас“.

Ова меѓудругото го велат претставниците на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград, кој беше отворен на приватна иницијатива, кон крајот на октомври минатата година.

Ставот е потпишан од еден од иницијаторите за обелоденување на клубот – Атанас Мазнев, а е поврзан со нападот во саботата вечерта на 4 февруари, при што беше скршен излогот на клубот.

Во врска со инцидентот беа приведени четири лица – двајца мажи и две жени, информираат за БТА од полицијата во Благоевград.

Од македонскиот културен клуб наведуваат дека имаат цврста увереност дека ниту законски, ниту морално не го заслужиле тоа што се случи.

Според нив, институциите на бугарската држава и влада се уште не изразиле став со кој ќе го оценат нападот – дали го осудуваат или прифаќаат, а на напаѓачите им е испратен сигнал за толеранција.

Можеби ќе ве интересира

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК