Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Костадинов: Времето е сега, започнаа значајни процеси

Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов кажа дека многу често се зборува за предвремени избори и се поставуваат цели само од избори до избори за сопствен рејтинг. Во гостувањето во ТВ21 тој додаде дека често се зборува за нови мнозинства и избори, но треба внимание да се посвети на процесите.

-Времето е сега, започнаа значајни процеси, тие се и беа тешки и болни, но задржана и верифицирана е македонската посебност, јазик и идентитет. Уставните измени не се однесуваат само на внес на Бугарите во Уставот, туку и Хрватите и Црногорците, а ќе се стави крај и на тезата „две држави – еден народ“. Треба да покажеме дека стратешките цели можеме да ги направиме сега. Оптимист сум дека тие процеси ќе ни донесат само добро, кажа Костадинов.

Тој додаде дека СДСМ има јасни цели и програмски активности што ги следи.

-Нашите стратешки цели во одредени моменти чинат рејтинг но се главни стратешки цели на државата. СДСМ во многу наврати, секогаш кога е на власт, покажала дека државотворна партија. Има секакви шпекулации, но СДСМ е единствена и сплотена, рече Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК