Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СтавМакедонија

Ако навистина сме луѓе, туѓото страдање нè обврзува повеќе од сопственото

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Понекогаш луѓето мислат дека нивните проблеми се најголеми. Реков „понекогаш“, не, мислев на „секогаш“. Луѓето мислат дека нивните проблеми се најголеми, бараат излез, бараат скривница. Понекогаш мислат дека животот е селфи, мислат дека е важно да се биде на плажа, да се гледа во зајдисонце, а потоа да се оди во првиот „плажен“ бар и испива Мохито. Го знаете она чувство: го чекате крајот на летниот ден, а во еден од баровите на плажа доаѓаат оние „кул“ момци и девојки кои се враќаат од „сурф“.

Неколку минути подоцна, сонцето ќе исчезне во морето, а младите ги оставаат своите вотки, пива и мохита на шанкот, ги уклучуваат своите смарт-телефони и како војска од андроиди, притискаат на копчето за да ги снимаат своите „машки“ мускули и „женски“ гради, така изложени на најголемата кич позадина на светот.

Потоа, загледани во своите телефони ја прегледуваат видео снимката на своето его кое го покрива заоѓањето на сонцето, видеото го закачуваат на социјалните мрежи и со лесен чекор се враќаат кај своите столови за да ги продолжат своите разговори и испијат своите коктели. Се враќаат на она место кога настапи моментот за совршено селфи.

А потоа од нигде-никаде те треска земјотрес.

Сликите, тој призор од земјотресот во Турција е страшен, чудовишен, лудачки. Деца, млади и стари, затрупани под блоковите на зградите ни сведочат за неверојатна човечка трагедија. Скролам на мојот телефон за да го погледам тој призор во кој, за неколку секунди, зграда се руши до темел. За неколку секунди завршуваат тие интимни и лични истории на семејства кои никогаш нема да ги дознаеме. Се руши еден свет во жарнот наречен природна катастрофа. Понекогаш, во наплив од туѓо страдање, мислам дека на ваков начин, последните 500 години човечка историја, ќе се избрише за само неколку секунди.

Има нешто стоички во тоа човек да ја истрпи својата судбина (или трагедија); но нема ништо благородно во тоа да се премолчи туѓата мака и страдање. Оној што е спремен туѓата трагедија да ја премолчи заради сопствена корист помош му нема. Постојат трагедии, постојат мерки на ужасот пред кои, чувствуваме, молчиме или исклучително внимателно зборуваме.

Додека јас ги типкам овие зборови и сум жив, што значи дека сум во некоја смисла и среќен, луѓето во Турција ги оплакуваат своите мажи, синови и ќерки. Количината на среќа и количината на солзи е стална и непроменлива. Денес сме среќни додека другите плачат. Утре ќе плачеме ние. Сета слава на овој свет е ништо.

Ако дозволиш славата да те понесе, ако се соживееш со неа, ниско си паднал. Секоја трагедија е трауматичен упад во Реалното што го растура симболичкиот оквир. Многу страшни трагедии видовме последниве години: корона, војната во Украина, а сега и страшниот земјотрес во Турција. Христ стигнува предоцна за живите, човечката правда стигнува предоцна за мртвите. И едното и другото како да ни се лизга од рацете, протекува низ прстите, испарува во бесконечноста.

Ако веќе не постои ништо друго реално освен раните и страдањето, тогаш тие нека бидат сврзно ткиво за братството меѓу луѓето на овие две земји: Северна Македонија и Турција.

Вечно сум им благодарен на нашите луѓе и институции кои безрезервно им помагаат на луѓето од Турција кои ги зафати страшна трагедија. Тие наши луѓе, за некои од нас непознати херои, ја заслужуваат мојата вечна почит и воодушевување.

Има нешто кое сите џелати на овој свет не го разбираат.

Раните се добри, раните се свети.

Затоа што раната е, велеше големиот Руми, место во кое светлината влегува во тебе.

извор: Frontline.mk

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе