10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Со данокот за солидарност десетина милиони евра ќе вратиме назад кај граѓаните

Законското решение е во собраниска процедура, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во „24 анализа“, прашан за данокот за солидарност.

-Ќе бидат опфатени сите компании со над 10 милиони приход како прв критериум, а втор критериум е профитот – последните две години ако профитот им е во раст во рамки од 20% не ги опфаќаме, без разлика дали имаат приходи над 10 милиони евра, кажа Битиќи.

Тој откри дека данокот на солидарност, уште наречен данок на екстра профит, ќе важи само за оваа година и средствата ќе бидат насочени за антикризни мерки.

-Стопанствениците многу помогнаа и претходно, видовме и преку солидарниот фондво короната, со кој потоа купувавме опрема и други потребни работи за да се справиме со ковид. Во цела Европа се воспоставува данокот на солидарност, не отидовме ние на најдрастичното решение. Проекциите се дека би требало десетина милиони евра да бидат приходите. Секој еден денар е битен и се радувам на решението што го донесовме, бидејќи средствата ќе ги вратиме кај што е најпотребно – кај граѓаните, истакна Битиќи.

Спонзорирано: