Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Скопје, приведен дилер, пронајдена дрога

На 03.02.2023 во 19.00 часот на подрачје на Карпош – Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(32) од с.Бизбегово, скопско. При претрес во неговиот деловен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, повеќе различни видови таблети и две дигитални ваги.

Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во с.Визбегово и притоа биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материјаи повеќе таблети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК