13.3 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џамбаски: Омразата продолжува да расте на секој можен начин

Европратеникот Ангел Џамбаски ги обвини македонските гранични власти дека со часови не ги пуштале бугарски државјани и намерно биле спречени да влезат во земјата.

Тој вели дека во тампон зоната меѓу граничните пунктови Ѓуешево и Деве Баир, членови на ВМРО Ќустендил биле вратени од македонските гранични власти назад во Бугарија.

„ Причината е луда и смешна. Имено дека тие се сметаат за опасност за националната безбедност и јавниот ред во државата.

Треба да биде јасно дека омразата продолжува да расте на секој можен начин. Доказите за тоа се видливи за сите нас.

Нема шанси некој да ни каже кога да се поклониме. Нема некој да им каже на Бугарите кога ќе ги почестат нивните херои и ќе не наведат на провокации и пропаганди“ порача Џамбаски.