Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Телефонски разговор Пендаровски – Пич, во фокусот политичките процеси во државата и регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните политички процеси во Република Северна Македонија и во поширокиот регион, со посебен акцент на дијалогот Белград – Приштина.

Во телефонскиот разговор, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења и информации за актуелните случувања поврзани со руската агресија врз Украина и континуираните напори на НАТО-сојузниците за поддршка на украинските власти и солидарност со украинскиот народ.

Можеби ќе ве интересира

СТИГНУВА СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, силен ветер и снег на планините, температурите нагло ќе се намалат

ДЕСК

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК