13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МФ: Исплатата на плати, како и другите буџетски расходи се реализираат врз основа на обезбедени средства во буџетот усвоен во Собранието на РС Македонија

Процесот на исплата на платите на вработените во јавниот сектор е регулирано и се спроведува врз основа на Законот за буџети и Законот за извршување на буџети, а согласно обезбедените финансиски средства. Тоа е процес кој Министерството за финансии, го спроведува преку секторот буџет и секторот трезор, кои постапуваат согласно предвиденото во усвоениот Буџет и законските одредби.

Министерството за финансии е институција одговорна за подготовка и реализација на буџетот и тоа се извршува ефикасно, професионално и одговорно, во континуитет, од страна на надлежните сектори во Министерството за финансии, поточно секторите буџет и трезор, бидејќи станува збор за пари на граѓаните. Секоја дополнителна обврска што се презема од страна на институциите во однос на исплата на плати, како и секоја друга финансиска обврска во буџетот, треба да биде предвидена во рамки на усвоениот Буџет во Собранието, бидејќи секторот трезор, може да реализира само налози кои се во согласност со усвоениот Буџет од страна на Собранието на СР Македонија. Ова се применува кон сите институции и буџетски корисни без исклучок.

Сите дилеми кои евентуално се појавуваат во некоја институцијата, во врска со реализацијата на буџетот, Министерството за финансии, преку задолжените сектори, во отворена комуникација со истите институции, вклучително и Кабинетот на претседателот на РС Македонија, ги решава прашањата во рамки на законските прописи.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +