11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: На 4-ти февруари да покажеме национално единство и да не потпаднеме на пропагандата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето во Сител телевизија го осуди нападот над Пендиков, но додаде дека случајот се злоупотребува.

-Се злоупотребува и од граѓани надвор и од граѓани внатре, треба да бидеме повнимателни за одговорноста што ја имаме, кажа Спасовски.

Според него злоупотребите на оваа тема се дел од хибридната војна.

-Меѓу двајца од ист политички кампус се случи ова, од иста провиниенција се и затоа говорам за одговорноста што ја имаат сите. Ако прашаме дали има руско влијание, има, дали ваквите хибридни напади се зголемија по руската агресија во Украина, да, се зголемија. Ова се прави да се наштети на државата и за жал често потпаѓаме како граѓани на таа пропаганда. Во ниту едно време не одело лесно исполнувањето на стратешките цели, но за овие прашања треба да имаме национално единсво. На 4-ти февруари Македонија мора да покаже национално единство и ако тоа го покажеме нема некој што може да не загрози и нема да може да биде посилна пропагандата, нагласи Спасовски.

Спонзорирано: