21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Режисерот Зафировски со коментар за сторијата за Манчевски: Се толерира грабеж, а се брукаат другите филмски автори!

Голем број уметници реагираа по објавената сторија на ЦивилМедиа со наслов: „Банана продукција, Милкман Продакшн и Милчо Манчевски – гаранција за успех на филм или тезга за големи пари?“. Режисерот Борко Зафировски, во коментар на фејсбук, напиша:

„Од „Мусака“ до помија. Хохштаплер, манипулатор со можна дијагноза- 40 години доаѓа да собере пари и да рашири интриги, па со пленот се враќа од кај што манипулира со неупатена и инфериорна политикантска средина, овде. Сега „само“ со пола милион, а ќе се дуплира, ќе приреди „премиера“ во платена кино сала, можеби отаде Јужно кинеско море. Какви понижувања и грабеж се толерираат, а се брукаат другите филмски автори.“

Претходно ЦивилМедиа објави дека пред повеќе од две години, Агенцијата за филм, преку соопштение „Како Милчо Манчевски извлекува милионски суми за проекти“ ги повикаа институциите да ги истражат постапките и да се позанимаваат „со хонорарите на режисерот“, ставајќи ја на располагање на институциите целокупната документација. Сепак, ниту Антикорупциска, ниту, пак, од Агенцијата за филм, не одговориле на прашањата зошто не е спроведена никаква постапка досега.

„Манчевски не е печалбар во вистинска смисла, а Њујорк не е само негов дом, туку и седиште на компанијата „Милкман Продакшн“ која е во негова сопственост.
Според документите кои ги поседува ЦИВИЛ Медиа, оваа компанија е основана на 20.12.1996 година, а согласно договорот кој е склучен со „Банана филм“ ДООЕЛ, треба да го менаџира проектот за филмот „Врба“.

За овој филм конкретно, од Буџетот на проектот за режисерот (Милчо Манчевски) се издвоени 10.080.174 денари / 163.905 евра, а неговиот личен асистент и консултантот по историја чинат вкупно 516.850 денари / 8.404 евра.

За развој на сценариото Манчевски е платен 3.843.750 / околу 62.000 евра, а вкупниот развој на филмот чини 13.501.434 денари / 219.535 евра.

Сепак и покрај овие суми планирани во буџетот за филмот „Врба“, преку компанијата „Банана филм“ ДООЕЛ, на два пати се исплатени суми од 48,272,30 и 41,308 долари, или вкупно 85.000 евра, што според заедничкиот договор се префрлени за развој на филмот кој својата премиера ја доживеа во октомври 2019 година, а сумите се исплаќани на 24.09.2018 година и 17.05.2019 година, од каде не се гледа што точно развивал Манчевски. И од „Банана продукција“ не добивме одговор во оваа фаза што точно режисерот развивал во Њујорк“, пишува Цивил.

Спонзорирано: