Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Министерот Спасовски на средба со субрегионалниот координатор за Западен Балкан на Меѓународната организација за миграции, Лаура Лунгароти

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со Лаура Лунгароти, субрегионален координатор за Западен Балкан на Меѓународната организација за миграции и раководителката на Мисијата на ИОМ во Република Северна Македонија, Соња Божиновска.

На средбата, министерот Спасовски ја истакна извонредната соработка и силното партнерство што постои помеѓу МВР и ИОМ, која особено дојде до израз од почетокот на мигрантската криза, а понатаму се рефлектира и надоградува во изминатиот период. Особено внимание и благодарност од страна на претставничката на ИОМ, Лунгароти беше искажана во врска со поддршката и постојаната координација и соработка за време на минатогодишната конференција во заедничка организација на Меѓународната организација за миграции и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија насловена „Оджливо управување со миграциите во Западен Балкан“ која на 15 и 16 ноември се одржа во Скопје. На средбата меѓу другото стана збор и за неколку нови предлог иницијативи и активности коишто ИОМ има во план да ги реализира во претстојниот период во нашата земја, но и во регионот на Западен Балкан генерално, а кои се однесуваат на ефективно управување со миграциите, враќањето и реадмисијата.

Заеднички беше потврден натамошниот ангажман и посветеност во областите на управување со миграцијата, меѓу кои и борбата против организираниот криминал, криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе, со заемно уверување и поддршка за имплементирање на натамошни проекти и активности со цел справување со предизвиците од нелегалната миграција, враќањето и реадмисијата.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК