Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

Битиќи: Ја реструктурираме економијата, во 2022 со над 45 милиони евра поддржавме 433 компании од преработувачката индустрија и имаме 560 милиони евра странски инвестиции

Преструктуирањето на нашата економија е предизвик на кој се нафати и на кој успешно работи оваа Влада и со гордост можам да кажам дека овој процес е веќе започнат и се движи во добра насока, при што само во минатата година имаме 560 милиони евра странски инвестиции и стотици поддржани домашни компании изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на годишната конференција „Година на нови можности“.

На почетокот на панелот, вицепремиерот Битиќи потсети дека Планот за економски раст е мерка што оваа Влада ја постави со среднорочна развојна компонента и која влијае на менување и на реструктуирање на нашата економија.

„Минатата година имавме експоненцијален раст на бројот на поддржани компании во зависност од 2021 година или за 107% повеќе поддржани компании или минатата година беа поддржани 433 компании во производствениот сектор. Целокупната поддршка дадена по основ на различни механизми се над 45 милиони евра. За прв пат преку Планот за економски раст почнавме наместо поддршка на инвестициите само на странските инвестиции да ги поддржуваме сите видови на инвестиции без разлика дали се тие домашни или странски и можам со гордост да кажам денеска дека навистина имаме што да покажаме како исход на оваа променета политика. Ова покажува дека Владата не е фокусирана само на еден од параметрите во економијата, а тоа е растот на БДП како макроекономска категорија, туку клучно е дали се поддржуваат компаниите“, изјави вицепремиерот Битиќи.

Според него, поддршката во производствениот сектор во изминатите 5 години значително ја има променето целата структура, при што наспроти зборувањето за поддршка на компаниите и поддршка на стопанството, значително се зголемува и процентот за поддршка во истражување и развој кај компаниите. Еден од предизвиците и понатаму е намалувањето на празнината меѓу регионите внатре во државата, при што бројките укажуваат дека од година во година растат инвестициите надвор од скопскиот регион.

„Третата системска работа која што ја воспоставивме во политиките за развој и промената на економијата е сегментот преку економски мерки и политики да влијаеме на рамномерниот регионален развој наспроти креирање на економски политики кои го продлабочуваат јазот во регионите, креирање на политики кои го сузбиваат и намалуваат јазот помеѓу регионите“, рече Битиќи.

Како последно, што претставува вовед во преструктуирањето на економијата, вицепремиерот го потенцира пристапот на привлекување на странски инвестиции.

„Слушам дали воопшто знаеме како се привлекуваат странски инвестиции. Јас ќе одговорам со еден прост одговор, а тоа е дека да, многу добро знаеме како ќе се привлекуваат инвестиции затоа што бројките укажуваат. Минатата година, според централната банка имаме 560 милиони евра странски инвестиции и тоа што ме радува е тоа што за тоа користиме 0 средства на нашите граѓани за да го промовираме. Има една изрека на англиски, „најдобриот начин за да промовираш е да ги поттикнеш компаниите да инвестираат е добриот збор од уста.“ Тоа е тоа што го правиме“, вели Битиќи.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Приведени крадци во Скопје

На 27.03.2023 во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје. Полициски службеници од Одделението за… Прочитај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски во општина Аеродром во постојано ја докажуваат сопствената неспособност, обвини Баварчиќ

Изјава за медиуми, Драган Баварчиќ, секретар на ОО СДСМ Аеродром Тимчо Муцунски во континуитет продолжува со негрижата за општината, а урбаниот хаос, негрижата за отпадот и уништувањето на зеленилото стануваат… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе