Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Во 2022 имаме намалување на криминалитет и за 50 отсто зголемена ефикаснот во борба против корупција

„Изминатата 2022 година покажа дека се враќа довербата во полицијата, во институциите и во перцепцијата за безбедноста. Имаме намалување на вкупниот број на кривични дела, на вкупниот криминалитет и зголемување на ефикасноста во борбата со криминалот и корупцијата“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека има зголемена ефикасност во борбата против трговија со дрога и кажа дека изминатата година се запленети околу 2,4 тони дрога и околу 20 тони прекурсори.

„Тоа говори дека добрата стратешка поставеност и активностите на сите колеги и нивната посветеност даваат резултати и таквиот тренд ќе продолжи и понатаму“ рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Стојаноски: Редовната работа заслужува редовен статус, Предлог-законот е пред пратениците

ДЕСК

Вакцинацијата против сезонски грип забрзува – вакцини има доволно за сите

ДЕСК

Јаневска: Интегритетот се учи, ја јакнеме воспитната функција на образованието

ДЕСК