Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Петровска: Како членка на НАТО се префрливме од земји кои бараа во земји кои даваат помош

„Северна Македонија е земја членка на НАТО алијансата и тоа не значи дека сме само набљудувачи и дека само бараме помош. Напротив, со успешна и разумна политика успеавме да се префрлиме од група на земји користнички на помош во земји кои даваат помош“ изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на годишната конференција „Година на нови можности“.

Таа додаде дека припадниците на АРМ со гордост учествуват во меѓународни мисии каде допринесуваат за гарантирање на безбедноста и стабилноста.

„Не може да останеме имуни на тоа што се случува во Украина, на европско тло. Позициите на Северна Македонија во поглед на овој конфликт се јасни – не оправдуваме насилство, особено не војна врз суверена и независна држава. Затоа и даваме поддршка и политичка, но и воена, медицинска и хумантирана со која помагаме на Украина да ја одбрани сопствената територија“ рече Петровкса.

Министерката рече дека не смееме да останеме неми на кршењето на меѓународните правила и стандарди.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК