Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Пенов: Трошоците на општините пораснале за 1 милијарда, а тие скратиле инвестиции и се задолжиле 2,7 милијарди денари

„УНДП направи анализа, со податоци за деветте месеци по руската инвазија на Украина и констатирани се ефекти кои говорат за катастрофално лош однос на општините во услови на енергетска криза“ рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека трошоците за енергија на општините биле зголемени за една милијарда денари, кои тие се обиделе да ги покријат со кратење на капитални инвестиции со вкупна сума од една милијарда и 900 милиони денари и дополнително ги зголемиле долговите за 800 милиони денари.

„Ова е катастрофално лош и нерационален однос кон развојот на општината и катастрофално лош однос кон граѓаните“ рече Пенов.

Министерот исто така кажа дека општините недоволно ги користат можностите од инструментот финансиска децентрализација и забележа дека тој има огромен потенцијал да се развива.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК