Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Тупанчевски: Со системите за предмети и законот за управување со движење на предмети ќе се следи каде заглавуваат предметите во судството

„АКМИС системот во судовите и ‘Кејс менаџмент’ системот во јавното обвинителство се двете алатки кои ќе помогнат во детектирањето на лошите состојби и подобрување на ефиканоста на судството и обвинителството“ рече министерот за правда, Никола Тупанчевски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека овие два система, помогнати од Законот за управување со движење на предмети во судовите ќе се придонесе за точно да се знае во која фаза од постапката кој предмет се наоѓа.

„Тоа е важно бидејќи ќе може да се следи судскиот предмет од иницијалната фаза до крајот каде се наоѓа и кои се причините за негово евентуално забавување“ рече Тупанчевски.

Министерот за правда потенцираше дека дигитализацијата на судовите е еден од факторите што ќе придонесат за сузбивање на организираниот криминал и корупцијата преку поврзување на судовите и јавните институции.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК