Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Санкционирани 80 возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Охрид

На 29.01.2023, во периодот од 10.00 до 15.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. За време на контролите полициските службеници затекнале и санкционирале 80 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-18, Струга-48, Кичево-05, Дебар-09).

Засилените сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК