Centar.mk
БИЗНИС

Нови отпуштања во „Филипс“: компанијата укинува уште 6.000 работни места

Холандската групација „Филипс“ објави дека ќе укине 6.000 работни места до 2025 година по загубите поврзани со повлекувањето на вентилаторите што се користеа за елиминирање на тешкотиите со дишењето за време на спиењето.

Новите кратења на работната сила, опишани како „тешки, но неопходни“, се надополнуваат на кратењата на 4.000 работни места што „Филипс“ ги објави во октомври, рече извршниот директор Рој Џејкобс.

Половина од најавените кратења ќе бидат годинава, а другата половина ќе се реализираат до 2025 година, соопштија од компанијата.

Компанијата се обидува да се справи со повлекувањето милиони вентилатори што се користат за апнеја при спиење и стравува дека пената што се користи во уредите може да стане токсична. Поради тие отповикувања, нејзината пазарна вредност падна 70 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК