Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Маричиќ: Не може и кочница и гас во исто време – да велиме дека сме за ЕУ, а да не носиме одлуки за тоа

„Ние треба да сфатиме дека не е возможно да притискаме на кочница и гас во исто време. Не може да велиме дека сме за ЕУ, а да не ги носиме одлуките кои не носат таму. Колегите од опозицијата мора тоа да го прифатат и да изберат. Оваа година е клучна за расчистување на овие дилеми“ изјави вицепремиерот за европски прашња, Бојан Маричиќ во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Тој додаде дека не е возможно, искорено и чесно да се тврди дека сте за члнество во ЕУ, но под наши услови бидејќи ниту една држава не влегла под свои услови.

„Имаме договор кој ни гарантира брз почеток на наредната фаза од преговорите, што потоа ќе покаже дека во однос на многу прашања сме понапред дури и од држави кои преговараат 10 години“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека парламентарните избори немаат никаква врска со уставните измени и дека двотретинското мнозинство е потребно за државата да оди напред, а не за Владата.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК