Centar.mk
ЛОКАЛНО

Ќе се инсталираат дигитални водомери, „Комуна“ една од три општини избрана во проектот „Дигитална трансформација на јавните водни услуги“

Јп „Комуна“ Крушево ќе инсталира дигитални водомери во град Крушево со цел да се подобри водоснабдувањето, а загубите на вода да се намалат.

Во посета на Крушево и ЈП „Комуна“ денес беа претставници на германската агенција ГИЗ во Северна Македонија и Македонски Телеком кој го имплементираат проектот „Дигитална трансформација на јавните водни услуги“. „Комуна“ е избрана како една од три пилот општини кои се вклучени во проектот.
При посетата се направи увид на водоводната мрежа и се креираше план за имплементација, односно инсталирање на водомерите.
„Дигиталните водомери значат дека ќе имам подобра контрола врз потрошувачката на вода и ќе знаеме дали во одредено домаќинство има дефект и сите податоци ќе бидат достапни дигитално и во реално време. Во оваа прва фаза очекуваме да добиеме околу 300 водомери, а „Комуна“ е отворена да го продолжи проектот и во иднина доколку истиот се покаже како ефикасен“, изјави ВД директорката Станка Ефремова Трајкоска по посетата.
На средбата во комуналното претпријатие се потпиша и меморандум за разбирање, а проектот ќе трае до 2025 година.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

ДЕСК

Герасимовски: 36 хористи од „Кочо Рацин“ наградени за триумфот во Херцег Нови, Центар пее гордо!

ДЕСК

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

ДЕСК