4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Грковска: Основа на дигиталната трансформација на општеството е електронски идентитет за секој граѓанин

„Основата на дигиталната трансформација на општеството е воспоставување на електронски идентитет за секој граѓанин. Со надградба на личната карта, која што ќе може да се користи и за електронска идентификација и за електронско потпишување, ќе се овозможи пристап до сите дигитални услуги“ кажа вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска во обраќањето на конференцијата „Година на нови можности“.

Тааистакна дека со надградбата на личната карта, која ќе може да се користи и за електронска идентификација и за електронско потпишување ќе се овозможи пристап до сите дигитални услуги.

„За таа цел, со поддршка од нашите партнери од САД и експертите од Естонија и во соработка со Министертсвото за внатрешни работи, го подготвивме Планот за воспоставување на Национален електронски идентитет“ рече Грковска.

Таа додаде дека истовремено се работи и на нов закон за архивска дејност, кој ќе овозможи дигитализација на архивското работење и депонирање на дигитални документи.

„Го формиравме Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, во кој се вклучени сите клучни чинители од извршната власт, од законодавната власт, од опозицијата, од стопанството, науката, локалната самоуправа, имајќи предвид дека ова е општествен процес кој трае долго и ги надминува мандатите на една политичка гарнитура и на централно и на локално ниво“ рече Грковска.