12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Бочварски: За годинава предвидовме 800 милиони евра за капитални инвестии

Минатата година имавме сериозна агенда насочена кон инвестиции, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за време на годишната конференција „Година за нови можности“.

-Дали се работи за патна или железничка инфраструктура, секој еден проект и секој еден вложен денар во инфраструктура значи раст и развој на државата. За бројките во најкризната година можам да истакнам дека не може да сме незадоволни. 465 милиони евра реализиравме капитални инвестиции. Претходно на вакви панели зборувавме за капитални инвестиции од 200 до 300 милиони евра. Ова се средства во проекти што граѓаните ги гледаат и кои придонесуваат за нашиот раст и развој .

Тој повтори дека во иста година се изградени два експресни пата.

-Едниот е од Штип до Радовиш и е пуштен во употреба во јануари. Со кој се подобри безбедноста во сообраќајот во целиот регион, а другиот е Штип – Кочани кој го пуштивме во декември. Сето ова влијае на економскиот развој на целиот регион, кажа Бочварски.

Тој додаде дека за годинава во капитални инвестиции се предвидени 800 милиони евра.

Спонзорирано: