Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Трагедија: Прегазен пешак во Скопје, почина на лице место

На 27.01.2023 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 19.45 часот на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“, патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(18) од с.Брест, скопско, удрило во пешакот Ш.Р.(71) од Скопје.

На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

2.158 АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ – По претседателското вето следува нова собраниска расправа

ДЕСК

ДЕСЕТ МАКЕДОНСКИ УЧИЛИШТА ИЗБРАНИ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА – Нови размени за учениците од Западен Балкан

ДЕСК

186 ПРЕКРШОЦИ КАЈ ВОЗАЧИТЕ ЗА ШЕСТ ЧАСА – Во Македонија контролирани 870 возила

ДЕСК