Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец под истрага за недозволена трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за две кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 55-годишник, на 25 јануари, во својот автомобил држел 24 пакувања со вкупно 8,94 грама хероин, како и две пакувања со вкупно 1,25 грам метамфетамин. Кога ги забележал полициските службеници, тој го запрел возилото на паркинг на улицата Њуделхиска и пеш се дал во бегство. Полицајците го следеле, па тој влегол во агенција за недвижности, a дрогата ја фрлил при влезот во објектот. Полициските службеници ја пронашле дрогата, а лицето го лишиле од слобода.

Во текот на постапката утврдено е основано сомнение дека истото лице на 6.10.2022 година во дом на улицата Радика во Скопје, каде што престојувал како потстанар, заради продажба држел 0,61 грам амфетамин, а истиот ден на сведок му продал 0,45 грама хероин.

Бидејќи постојат околности што упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото за кое и претходно веќе неколкупати е осудуван, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +