Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Евроамбасадорот Гир: Изјавата на Џамбаски за Пендаровски е неприфатлива

Евроамбасадорот Дејвид Гир излезе со осуда за вчерашната изјава на европратеникот, Ангел Џамбаски, оценувајќи дека таквите изјави се неприфатливи и не ги одразуваат вредностите на Европската Унија.

„Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кој било, а најмалку за демократски избран шеф на држава на суверена држава“, се наведува во пишаната изјава од евроамбасадорот Гир.

За изјавите на европратеникот кои одразуваат територијални претензии, Гир рече дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградиле од нив. Вели дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.

Џамбаски вчера индиректно му се закани со атентат на претседателот Стево Пендаровски, кога на повиците да му се забрани влез во државата, одговори со споменување на некогашниот југословенски крал Александар Караѓорѓевиќ.

„Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“, рече Џамбаски.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК