Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Девојки, мајки, сопруги и професионалки има и во Единицата за брзо распоредување – мотото Секогаш и Секаде важи за сите подеднакво! (ВИДЕО)

Фејсбук статус на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

„Кога ќе одиме дома сме мајки и сопруги, кога ќе одиме на работа сме тоа што сме”

„Ги рушиме стереотипите дека е типично машка професија”

▶️Специјалната антитерористичка единица Тигар е формирана во рамки на МВР во 1981 година. Пред 15 години ја доби првата припадничка. Условите за престој и работа на припадничките се прилагодени на нивните потреби и досега немало случаи на дискриминација.

▶️Девојки, мајки, сопруги и професионалки има и во Единицата за брзо распоредување – мотото Секогаш и Секаде важи за сите подеднакво! Формирана во 2001 година, ЕБР не препознава родова, туку само професионална припадност.

Денеска, специјалните единици се синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и криминалот. Без разлика на полот, САЕ Тигар и ЕБР се синоним за професионалност, за максимална храброст и подготвена да се спротивстави на каков и да е предизвик, без разлика на пол, со кој е доведена во прашање безбедноста на земјата и граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК