Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

Бидете подготвени: Снег ќе натрупа во делови од Македонија

Од УХМР известуваат дека утре и во текот на ноќта кон петок ќе има врнежи од снег, а само во некои пониски места од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места. Во петок попладне и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има врнежи претежно од снег со послаб интензитет.

Во Скопската Котлина утре ќе има врнежи кои попладне и во текот на ноќта кон петок повремено ќе преминуваат во снег со послаб интензитет. Во петок и во сабота ќе дува северен ветер, ќе биде студено и ќе провејува слаб снег.

Можеби ќе ве интересира

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта мурал

ДЕСК

Средби на Гаши во Загреб: Соработка и европска перспектива

ДЕСК

ДАВАЛ ПАРИ НА ЗАЕМ, ПА БАРАЛ МНОГУ ПОВЕЌЕ – Закани по живот и физичко насилство во Струмица

ДЕСК