7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Провокациите од Џамбаски продолжуваат – Ќе се смираат ли страстите меѓу Скопје и Софија?

Минатата недела помина во знак на провокациите на Ангел Џамбаски од центарот на Скопје, а потоа продолжи со претепувањето на членот на УМС, но истовремено и секретар на бугарскиот клуб “Цар Борис”.

„Вратете го ветото. Антибугарска, антиевропска, болшевичка, тоталитарна терористичка власт во РСМ треба да биде објавена за ’персонана нон-грата во Европската унија’. Македонија била и ќе биде Бугарска. Република Северна Македонија е нешто друго“, напиша Ангел Џамбаски на Фејсбук, откако синоќа претседателот Стево Пендаровски упати совет до владата да се прогласат за персони нон-грата еден бугарски европратеник и уште неколку лица кои со руски потпис работат на нарушување на односите меѓу Македонија и Бугарија, експресно се препозна токму Џамбаски.

Во меѓувреме и моменталниот министер за надворешни работи на Бугарија ги убедувал колегите од земјите на ЕУ во Брисел дека во Македонија постои силен антибугарски консензус меѓу владеачката партија и опозицијата.

„Ги информирав колегите министри за тоа што се случи во Охрид, но во подолг контекст. Не се работи само за овој инцидент, се работи за тоа дека има ескалација на тензиите и ескалација на притисокот врз бугарската заедница таму. Започна со усвојување на законодавна репресија врз бугарската заедница и нејзиното право на здружување“, изјавил Милков во Брисел.

Обид да ги смири страстите направи и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој завчера го посети во болницата во Софија претепаниот секретар на бугарското здружение, кој во Охрид бил и познат активист на опозициската ВМРО ДПМНЕ.