Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Скопско, пронајдени амфетамин и марихуана, приведен дилер

Денеска, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ – Сектор за недозволена трговија со дрога, Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, го лишиле од слобода Л. М. (21) од населбата Волково – Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и вага.

Тој бил задржан во Полициската станица Ѓорче Петров и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК