18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТЕФАН БОГОЕВ/ STEFAN BOGOEV
+МАКЕДОНИЈА

Богоев: Функционери од ВМРО-ДПМНЕ отворено кажале дека не се против уставните измени на средби со меѓународни дипломати

„Во највисоките структури на ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои сметаат дека нивната партија не треба да продолжи да го следи курсот на Димитар Апасиев и Левица, што води во изолација и против членство на Македонија во ЕУ“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека некои од тие структури на ВМРО-ДПМНЕ на средбите со Фон дер Лајен и на средби со високи меѓународни европски дипломати отворено ги кажале овие работи, дека тие не се против уставните измени ако тоа значи продолжување на европскиот пат.

„Во опозицијата има паметни и проевропски луѓе. Тие луѓе дошле до израз на средбите со меѓународниот фактор и оставиле политички подотворена врата дека не е толку лошо да се направат уставните измени“ рече Богоев.

Потпретседателот на СДСМ кажа дека има луѓе во опозицијата кои го препознаваат моментот и сметаат дека работата на патот од ЕУ сега зависи од нас.

Спонзорирано: